Гледање видеа во апликацијата Филмови
Користете ја апликацијата Филмови за пуштање филмови и друга видео содржина зачувана или
преземена на уредот. Апликацијата Филмови ви помага и да добивате постери, содржини,
информации за жанрот и податоци за режисерот, за секој филм. Можете и да ги репродуцирате
своите филмови на други уреди коишто се приклучени на истата мрежа.
Видеата направени со камерата на уредот се прикажани во апликацијата Албум, а не во
апликацијата Филмови.
Некои видео датотеки можеби нема да се пуштаат во апликацијата Филмови.
Преглед на филмови
1
Отворете ја апликацијата Video Unlimited
2
Приказ на опциите на менито
3
Допрете за да го пуштите најскоро гледаното видео
4
Пребарувајте ги сите видеа преземени или зачувани во уредот
5
Допрете за да ги пуштите преземените видео-датотеки
6
Допрете за приказ на сите видеа во Video Unlimited
7
Допрете за приказ на деталите на видео во Video Unlimited
Sony Entertainment Network со Video Unlimited и Music Unlimited не се достапни на секој
пазар. Потребна е одделна претплата. Се применуваат дополнителни услови.
Репродуцирање видео во Филмови
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа пронајдете и допрете Филмови.
2
Пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира. Доколку видеото не е
прикажано на екранот, допрете Сè во картичката Моја колекција, а потоа најдете го и
допрете го видеото за репродуцирање.
3
За да ги прикажете или скриете командите, допрете го екранот.
4
За да ја паузирате репродукцијата, допрете . За да ја продолжите репродукцијата,
допрете .
5
За премотување, повлечете го обележувачот на лентата за напредок налево. За брзо
премотување напред, повлечете го обележувачот на лентата за напредок надесно.
Репродуцирање видео на надворешен уред
82
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
1
При репродуцирање видео, допрете го екранот за да се прикажат сите контроли.
2
Допрете > Throw.
3
Одберете надворешен уред за репродуцирање на видеото. Доколку нема достапен
надворешен уред, следете ги инструкциите на екранот за да додадете.
За изменување на поставки кај филмови
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа пронајдете и допрете Филмови.
2
Допрете , потоа изменете ги поставките според посакуваното.
Менување на поставките за звукот додека се репродуцира видео
1
Додека се репродуцира видеото, допрете го екранот за да се прикажат контролите.
2
Допрете го , па допрете го Поставки на звукот.
3
Обележете ги полињата за поставките за звукот што сакате да ги активирате.
4
Кога ќе завршите, допрете ОК.
Споделување видеа
1
Кога се репродуцира видео, допрете го , па допрете го Сподели.
2
Во менито што се отвора, допрете ја апликацијата што сакате да ја користите за
споделување на одбраното видео, па следете ги потребните чекори за испраќање.