Sony Xperia SP - Синхронизирање со Microsoft® Exchange ActiveSync®

background image

Синхронизирање со Microsoft® Exchange ActiveSync®

Со користење на сметка на Microsoft Exchange ActiveSync, може да пристапувате до пораките на

службената е-пошта, состаноците од календарот и контактите директно од својот уред. По

поставувањето, вашите информации можете да ги најдете во апликациите Е-пошта,
Календар и Контакти.

Поставување синхронизација на корпоративната е-пошта, календарот и
контактите

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Допрете Поставки > Додај сметка > Exchange ActiveSync.

3

Внесете ги корпоративната адреса за е-пошта и лозинката.

4

Допрете Следно. Уредот започнува да ги вчитува информациите за вашата сметка.

Доколку не успее, контактирајте со администраторот на корпоративната мрежа за повеќе

информации, потоа рачно внесете ги деталите за доменот и серверот за сметката.

5

Допрете OK за да дозволите корпоративниот сервер да го контролира уредот.

6

Одберете кои податоци сакате да ги синхронизирате со својот уред, како контакти и

календарски записи.

7

Доколку сакате, активирајте го администраторот на уредот за да дозволите корпоративниот

сервер да контролира одредени безбедносни функции на уредот. На пример, може да

дозволите корпоративниот сервер да постави правила за лозинката и да постави

шифрирање за зачувувањето.

8

Кога поставувањето ќе заврши, внесете име за корпоративната сметка.

Уредување на подесувањата на службена адреса за е-пошта, календар и
контакти

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Допрете го Е-пошта, па допрете го .

3

Допрете го Поставки и одберете службена сметка.

4

Промена на саканите поставки.

Поставување интервал на синхронизација за службена сметка

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Допрете ја опцијата Е-пошта, па допрете ја опцијата .

3

Допрете ја опцијата Поставки и одберете службена сметка.

4

Допрете ја опцијата Зачест. на проверување, па одберете опција за интервал.

Отстранување службена сметка

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Допрете ги Поставки > Exchange ActiveSync, па одберете ја сметката.

3

Допрете го , па допрете го Отстрани сметка.

4

Повторно допрете го Отстрани сметка за да потврдите.