Sony Xperia SP - Преземање апликации од други извори

background image

Преземање апликации од други извори

Кога уредот е поставен да дозволува преземање од други извори, освен Google Play™, може да

преземате апликации директно од други веб-локации со следење на релевантните инструкции за

преземање.

Инсталирање апликации од непознато или недоверливо потекло може да го оштети
уредот. Преземајте апликации само од доверливи извори. Контактирајте со
обезбедувачот на апликацијата доколку имате некакви прашања или проблеми.

Дозвола за преземање апликации од други извори

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Безбедност.

3

Обележете го полето за избирање Непознати извори.

4

Допрете OK.

За да работат исправно, некои апликации можеби ќе треба да пристапат до податоците,
поставките и различните функции на уредот. Инсталирајте и давајте дозволи само на
апликации на коишто им верувате.

Може да ги прикажувате дозволите што се доделени на преземена апликација со
допирање на апликацијата во Поставки > Апликации.

37

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.