Прикажување на екранот
Користете ја опцијата Прикажување на екранот за да го прикажете екранот на вашиот уред на ТВ-
приемник или на друг голем екран без кабелска конекција. Технологијата Wi-Fi Direct™ креира
безжична конекција помеѓу два уреда, така што ќе можете да уживате во своите омилени
фотографии седејќи комотно на каучот. Оваа опција можете да ја користите и за да слушате
музика музика од уредот преку звучниците од ТВ-приемникот.
За да може горенаведената функционалност да работи, ТВ уредот мора да поддржува
прикажување на екранот врз основа на Wi-Fi CERTIFIED Miracast™. Ако вашиот ТВ уред
не поддржува прикажување на екранот, треба посебно да си купите адаптер за безжичен
дисплеј.
Кога користите прикажување на екранот, на квалитетот на сликата може да има
негативно влијание ако се мешаат други Wi-Fi® мрежи.
100
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Прикажување на екранот од уредот на ТВ-екран
1
ТВ: Следете ги инструкциите во упатството за корисникот од вашиот ТВ за вклучување на
функцијата за прикажување на екранот.
2
Вашиот уред: Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете .
3
Пронајдете и допрете Врска со Xperia™ > Прикажување на екранот.
4
Допрете Вклучете прикажување на екранот и одберете уред.
Кога користите прикажување на екранот, не покривајте ја областа за антената на Wi-Fi на
уредот.