Sony Xperia SP - Услуги и извори на локација

background image

Услуги и извори на локација

Користете го својот телефон да откриете каде сте. Постојат два методи или извори: Сателити GPS

и безжични мрежи. Вклучувајте ја опцијата за безжични мрежи (Wi-Fi и мобилни мрежи) само ако

ви треба приближната локација и ако тоа ви треба брзо. Ако ви е потребна попрецизна позиција, а

имате чист поглед на небото, вклучете ја опцијата со сателити GPS. Во ситуации кога врската со

безжичната мрежа е слаба, треба да ги вклучите двете опции за да бидете сигурни дека вашата

локација ќе биде пронајдена. Двете опции се активираат стандардно при активирање на услуги за

локации

Sony не ја гарантира точноста на услугите за лоцирање, вклучувајќи ги, но не
ограничувајќи се на навигациските услуги.

Вклучување услуги за локација

1

Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете .

2

Допрете Услуги за локација.

3

Повлечете го надесно лизгачот до Пристап до мојата локација.

4

Допрете двапати на Согласен за да потврдите.

Кога ќе ги вклучите услугите за локација, автоматски се вклучуваат и GPS сателити и
Услуга за локација од Google (Wi-Fi и мобилните мрежи). Секоја од овие опции може
рачно да ја исклучите.

Дозвола на Google apps да пристапуваат до вашата локација

1

Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете .

2

Допрете Google > Поставки за локацијата.

3

Влечете го лизгачот покрај Апл. на Google нека прис. до локац. кон десно.

Мора да сте пријавени на сметката на Google™ за да може да ги користите услугите на
локацијата.