Sony Xperia SP - Користење GPS

background image

Користење GPS

Вашиот уред има приемник за GPS (систем за глобално позиционирање) што користи сателитски

сигнали за да ја пресмета вашата локација. Уредот поддржува и GLONASS (сателитски систем за

глобална навигација). Доколку има потреба, двата система може да се надополнуваат и

заменуваат за да овозможат точно позиционирање и беспрекорно навигациско искуство. Кога ќе

вклучите GPS, автоматски се вклучува и системот GLONASS.

Кога користите функции што бараат приемникот за GPS и GLONASS да ја најде вашата
локација, проверете дали имате чист поглед на небото.

Вклучување GPS

1

Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете .

2

Допрете Услуги за локација.

3

Повлечете го надесно лизгачот до Пристап до мојата локација.

4

Допрете Согласен за да потврдите.

Кога ќе вклучите GPS, системот GLONASS автоматски се вклучува.

Добивање на најдобри резултати

Прв пат кога ќе користите GPS може да бидат потребни 5 до 10 минути за вашата локација да

биде најдена. Да помогнете во барањето, осигурајте се дека имате чист поглед кон небото. Седете

мирно и не ја покривајте GPS антената (потцртаната област на сликата). GPS сигналите може да

поминат низ облаци и пластика, но не низ најмногу од цврстите објекти како што се згради и

планини. Ако вашата локација не е најдена по неколку минути, преместете се на друга локација.

106

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.