Препознавање на лице
Можете да користите препознавање на лице за да доведете лице во фокус кое е надвор од
центарот. Камерата автоматски препознава најмногу пет лица, обележани со бели рамки. Жолтата
рамка покажува чие лице е избрано за фокус. Фокусот е поставен на лицето најблизу до камерата.
Можете исто така да допрете една од рамките за да одберете кое лице треба да биде во фокусот.
Вклучување препознавање на лице
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете , па одберете .
3
Допрете , потоа допрете .
4
Допрете Режим на фокус > Препознавање на лице.
Фотографирање со препознавање на лице
1
Кога камерата е отворена и Препознавање на лице е вклучено, насочете ја камерата
кон субјектот. До пет лица може да бидат воочени и секое воочено лице е врамено.
2
Притиснете го копчето на камерата само до пола. Жолтата рамка покажува кое лице е во
фокусот.
3
За да фотографирате, целосно притиснете го копчето за камерата.