Sony Xperia SP - Поставки на фотоапаратот

background image

Поставки на фотоапаратот

Прилагодување на поставките на фотоапаратот

1

Активирајте ја камерата.

2

За да се прикажат сите поставки, допрете .

3

Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, потоа уредете ја по желба.

Преглед на поставките за фотоапаратот

Резолуција

Пред да фотографирате, одберете помеѓу неколку големини и размери на фотографијата.

Фотографија со повисока резолуција бара повеќе меморија.

3264×2448(4:3)

8 мегапиксели големина на слика со размер 4:3. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на екрани без

широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

3104×1746(16:9)

5 мегапиксели големина на слика со размер 16:9. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на екрани без

широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

1632×1224(4:3)

70

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

2 мегапиксели големина на слика со размер 4:3. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на екрани без

широк приказ.

1920×1080(16:9)

2 мегапиксели големина на слика со размер 16:9. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на широк екран.

Автоматски тајмер

Со автоматскиот тајмер можете да фотографирате без да го држите уредот. Користете ја оваа

функција за да правите авто-портрети или групни фотографии каде сите може да бидат на

фотографијата. Можете исто така да го користите автоматскиот тајмер за да избегнете тресење на

камерата кога правите фотографии.

Вклучено (10 секунди)

Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на

фотографирање.

Вклучено (2 секунди)

Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на

фотографирање.

Исклучено

Фотографијата се прави веднаш штом ќе го допрете екранот на камерата.

Smile Shutter™

Пред да фотографирате, употребете ја функцијата Smile Shutter™ за да одредите на каков вид

насмевка реагира камерата.

Режим на фокус

Функцијата на фокусирање контролира кој дел од фотографијата треба да биде остар. Кога е

вклучен континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот па

така областа во жолтата рамка на фокусот останува остра.

Поединечен автоматски фокус

Камерата автоматски се фокусира на одбраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус. Допрете и

држете го екранот на камерата, жолтата рамка на фокусот не стане сина, што означува дека фокусирањето е поставено.

Фотографијата се прави кога ќе го ослободите прстот.

Повеќекратен автоматски фокус

Фокусот е автоматски поставен на неколку области на сликата. Допрете и држете го екранот на камерата, жолтата рамка

на фокусот не стане сина, што означува дека фокусирањето е поставено. Фотографијата се прави кога ќе го ослободите

прстот. Исклучен е континуираниот автоматски фокус.

Препознавање на лице

Камерата автоматски открива до пет човечки лица, означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се фокусира на

најблиското лице. Можете и да одберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот. Кога ќе го допрете

екранот на камерата, сината рамка покажува кое лице е одбрано и е во фокусот. Препознавањето лица не може да се

користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.

Фокус при допир

Допрете одредена област на екранот од камерата за да ја поставите областа на фокусот. Исклучен е континуираниот

автоматски фокус. Допрете и држете го екранот на камерата, жолтата рамка на фокусот не стане сина, што означува

дека фокусирањето е поставено. Фотографијата се прави кога ќе го ослободите прстот.

Оваа поставка е достапна само во режимот на сликање Рачно.

ISO

Можете да го намалите замаглувањето на сликата предизвикано од темни услови на осветлување

или движечки предмети со зголемување на ISO-чувствителноста.

Автоматски

Автоматски се поставува ISO-чувствителноста.

100

Ја поставува ISO-чувствителноста на 100.

200

Ја поставува ISO-чувствителноста на 200.

71

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

400

Ја поставува ISO-чувствителноста на 400.

800

Ја поставува ISO-чувствителноста на 800.

Оваа поставка е достапна само во режимот на сликање Рачно.

Премерување

Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината

на светлина што паѓа на сликата која сакате да ја направите.

Средно

Ја прилагодува експозицијата кон центарот на сликата.

Просечно

Ја пресметува експозицијата според количината на светлина што паѓа на целата слика.

Точка

Ја приспособува експозицијата во многу мал дел од сликате што сакате да ја направите.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Стабилизатор на слика

При фотографирање, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага

преку компензирање за малите движења на раката.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Краток приказ

Може да изберете да прикажувате фотографии или видеа веднаш после снимањето.

Неограничено

Краткиот приказ на фотографијата или видеото се појавува после снимањето.

5 секунди

Краткиот приказ на фотографијата или видеото се појавува после снимањето и трае 5 секунди.

3 секунди

Краткиот приказ на фотографијата или видеото се појавува после снимањето и трае 3 секунди.

Уреди

Фотографијата или видеото се отвора за уредување после снимањето.

Исклучено

Фотографијата или видеото се зачувува после снимањето и не се појавува краток приказ.

Блиц

Користете блиц за да фотографирате кога осветлувањето е слабо или кога постои заднинско

осветлување. Следните опции се достапни при допир на иконата блиц на екранот на камерата:

Автоматски

Камерата автоматски одредува дали осветлувањето бара користење на блиц.

Вклучен блиц

Користете ја оваа поставка кога позадината е посветла од предметот. Ова ги отстранува несаканите темни сенки.

Нам. на ефек. црвени очи

Ја намалува црвената боја на очите при фотографирање.

Исклучено

Блицот е исклучен. Понекогаш квалитетот на фотографијата може да биде подобар без блиц, дури и ако

осветлувањето е слабо. Правењето добра фотографија без да се користи блицот бара мирна рака. Користете

автотајмер за да избегнете замаглени фотографии.

Факел

При сликањето се вклучува светилка.

72

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.