Sony Xperia SP - Поставки на видео камерата

background image

Поставки на видео камерата

Прилагодување на поставките на видео камерата

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете една од иконите за поставки на екранот.

3

За да се прикажат сите поставки, допрете го .

4

Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, па направете ги промените.

Преглед на поставките за видеокамерата

Видео резолуција

Прилагодете ја видео резолуцијата за различни формати.

Целосна HD
1980×1080(16:9)

Формат на целосно HD (Full High Definition) со размер 16:9. 1980×1080 пиксели.

HD
1280×720(16:9)

Формат HD (High Definition) со размер 16:9. 1280×720 пиксели.

MMS

Снимајте видео прикладно за испраќање во мултимедијални пораки. Времето на снимање во овој видео формат е

ограничено за да одговара на мултимедијална порака.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Автоматски тајмер

Со автоматскиот тајмер можете да снимате видео клип без да го држите уредот. Користете го да

снимате групни видео клипови каде сите можат да бидат снимени. Можете да го користите

автоматскиот тајмер и за да избегнете тресење на камерата при снимање видео клипови.

Вклучено (10 секунди)

Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот кога видео

клипот почнува да се снима.

Вклучено (2 секунди)

Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот кога видео

клипот почнува да се снима.

Исклучено

Видео клипот почнува да се снима веднаш штом го допрете екранот на камерата.

Режим на фокусирање

Поставката на фокусот контролира кој дел од видео клипот треба да биде остар. Кога е вклучен

континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот па така

областа во белата рамка на фокусот останува остра.

Поединечен автоматски фокус

Камерата автоматски се фокусира на одбраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.

Препознавање на лице

Камерата автоматски открива до пет човечки лица, означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се фокусира на

најблиското лице. Можете и да одберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот. Кога ќе го допрете

екранот на камерата, жолтата рамка покажува кое лице е одбрано и е во фокусот. Препознавањето лица не може да се

користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.

Следење на објект

Доколку изберете објект со допирање во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го следи за вас.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

73

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Премерување

Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината

на светлина што паѓа на сликата која сакате да ја направите.

Средно

Ја прилагодува експозицијата кон центарот на сликата.

Просечно

Ја пресметува експозицијата според количината на светлина што паѓа на целата слика.

Точка

Ја приспособува експозицијата во многу мал дел од сликате што сакате да ја направите.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Микрофон

Одберете дали да се слуша звукот од околината кога снимате видеа.

Блиц

Користете го блицот за да снимате видео клипови при лошо осветлување или кога има заднинско

осветлување. Иконата на видео-блицот е достапна само на екранот на видео камерата. Имајте

предвид дека понекогаш квалитетот на видео клипот може да биде подобар без светло, дури и во

услови на слабо осветлување.

Вклучено

Исклучено

74

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.