Sony Xperia SP - Android™‎ – што и зошто?

background image

Android™ – што и зошто?

Вашиот Xperia™ од Sony работи на платформата од Android™. Android™ уредите може да

изведуваат многу од истите функции како компјутерот и можете да ги прилагодувате според

сопствените потреби. На пример, можете да додадете и избришете апликации или да ги

осовремените постоечките апликации за да ја подобрите функционалноста. На Google Play™

можете да преземате бројни апликации и игри од колекција што постојано се зголемува. Можете и

да ги интегрирате апликациите на Android™ уредот со другите апликации и со онлајн услугите што

ги користите. На пример, можете да направите резервна копија на своите контакти, од едно место

да пристапувате до различни сметки за е-пошта и календари, да ги забележувате своите

состаноци и да се вклучувате во социјалните мрежи.
Android™ уредите постојано еволуираат. Кога е достапна нова верзија на софтверот и уредот го

поддржува новиот софтвер, можете да го ажурирате уредот за да добиете нови функции и најнови

подобрувања.

Android™ уредот е со претходно внесени услуги на Google™. За да го добиете
максимумот од обезбедените услуги на Google™, треба да имате сметка на Google™ и
да се пријавите на истата при првото вклучување на уредот. Треба да имате и интернет-
пристап за да користите многу од функциите на Android™.

Новите софтверски изданија може да не се компатибилни со сите уреди.