Склопување
Отстранување на задниот капак
•
Вметнете нокт од палецот во празнината меѓу задниот капак и едната страна од уредот,
потоа подигнете го капакот.
8
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
За да вметнете SIM-картичка и мемориска картичка
•
Исклучете го уредот и извадете го задниот капак, па вметнете ги мемориската картичка и
micro SIM-картичката во соодветните лежишта.
Мемориската картичка може да не е вклучена при купувањето на сите пазари.
Уредот бара micro SIM-картичка. Вметнување некомпатибилна SIM-картичка во отворот
на micro SIM-картичката може да ја оштети картичката или уредот, па Sony не гарантира
и нема да биде одговорен за какво било оштетување предизвикано со користење на
некомпатибилни или модифицирани SIM-картички.
Ставање на задниот капак
1
Поставете го задниот капак врз задниот дел од уредот, потоа притиснете надолу на
горните агли да легнат на своето место.
2
Движејќи од врвот до дното, притиснете ги надолу страните од капакот. Јазичињата во
внатрешноста на капакот прават звуци на кликнување кога легнуваат на своите места.
Осветлувачка проѕирна врвка
Проѕирната врвка на телефонот свети кога користите одредени апликации, кога пристигнува
дојдовен повик и кога алармот се огласува. Потоа таа избледнува по неколку секунди за да се
зачува енергија.
Бојата на светлечката врвка варира во зависност од темата што ја користите. Кога прикажувате
фотографии во Галерија, бојата се менува според фотографијата што ја прикажувате. Кога
репродуцирате музика со музичкиот плеер, бојата се менува секој пат кога е прикажан нов
насловен албум. Можете да ги прилагодите овие различни светлосни ефекти.
Поставување светлосни ефекти за уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Екран > Светлосни ефекти.
3
Одберете ги ефектите што сакате да ги користите.
9
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.