Sony Xperia SP - Заклучување и отклучување на екранот

background image

Заклучување и отклучување на екранот

Кога уредот е вклучен и е ставен во мирување за определен временски период, екранот се

затемнува за да заштеди батерија и се заклучува автоматски. Ова заклучување спречува несакани

активности на екранот на допир кога не го користите.

За да се активира екранот

Кратко притиснете го копчето за вклучување .

Отклучување на екранот

Ставете го прстот на екранот и поминете нагоре или надолу.

Има неколку начини на отклучување на екранот. За повеќе информации, погледнете
Поставување на заклучување на екранот на страницата 115.

За да се заклучи екранот

Кога екранот е активен, кратко притиснете го копчето за вклучување .