Sony Xperia SP - Вклучување и исклучување на уредот

background image

Вклучување и исклучување на уредот

За да го вклучите уредот

Проверете дали батеријата се полнела барем 30 минути пред да го вклучите уредот за
прв пат.

1

Притиснете го и држете го притиснато копчето за вклучување додека уредот не почне да

вибрира.

2

Ако екранот се затемни, кратко притиснете го копчето за вклучување за да го активирате

екранот.

3

Внесете ја лозинката од SIM-картичката кога ќе ви биде побарано, а потоа допрете на

.

4

Ако екранот езаклучен, ставете прст на екранот и поминете со прстот нагоре или надолу за

да го отклучите.

5

Почекајте додека уредот не започне со работа.

Лозинката на SIM-картичката најпрво ќе ви ја обезбеди мрежниот оператор, но подоцна
може да ја промените од менито Settings (Поставки). За да ја исправите грешката
направена при внесување на лозинката од SIM-картичката, допрете на

.

Исклучување на уредот

1

Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.

2

Во менито со опции, допрете го Исклучување.

3

Допрете го OK.

Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.

Присилно исклучување на уредот

10

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

1

Отстранете го задниот капак.

2

Притиснете и задржете го копчето ИСКЛУЧЕНО користејќи го врвот од пенкалото или

сличен предмет. Уредот се исклучува автоматски.

Не користете премногу остри предмети што може да го оштетат копчето ИСКЛУЧЕНО.