Sony Xperia SP - Поставки за пораки и интернет

background image

Поставки за пораки и интернет

За пристап до интернет и за испраќање на мултимедијални пораки, мора да имате поврзување со

мобилни податоци и правилни поставки, исто така познати како поставки APN (Access Point Name).

APN ја идентификува мрежата на којашто може да се поврзе мобилен уред.
Обично може да преземате поставки за интернет и пораки при првото поставување на уредот по

вметнувањето на SIM-картичка. Во други случаи, поставките може да се претходно инсталирани.

Доколку не се, може да ги преземете или да ги додадете рачно. Контактирајте со мрежниот

оператор за детални информации за поставките за Интернет и пораки.

Доколку не може да пристапите до интернет, немате конекција за податоци или не
можете да испраќате или примате мултимедијални пораки, обидете се со бришење на
сите поставки за интернет и пораки, а потоа додајте ги повторно.

Преземање поставки за интернет и пораки

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Xperia™ > Поставки за интернет.

3

Допрете ја опцијата Прифати.

Ресетирање на стандардните поставки за Интернет

1

Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .

2

Допрете го Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на прис. точки, па допрете го .

4

Допрете го Ресетирај на стандардно.

Имиња на пристапни точки (APN-и)

APN се користи за воспоставување податочна конекција меѓу уредот и Интернетот. APN дефинира

кој тип IP адреса да се користи, кои заштитни методи да се повикаат и кои конекции со фиксен крај

да се користат. Проверката на APN е корисна кога не можете да пристапите на Интернет, кога

немате податочна конекција или не можете да испраќате или примате мултимедијални пораки.

Прикажување на тековното име на пристапна точка (APN)

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на пристапна точка.

Ако имате неколку достапни конекции, активната мрежна конекција ќе биде означена со
обележено копче.

Рачно конфигурирање на поставките за Интернет

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете ги опциите Имиња на пристапна точка > .

4

Допрете го Име и внесете го името на мрежниот профил којшто сакате да го креирате.

5

Допрете ја опцијата APN и внесете го името на пристапната точка.

6

Внесете ги сите други информации побарани од мрежниот оператор.

7

Кога ќе завршите, допрете jа опцијата , па потоа опцијата Зачувај.

Информации за користењето

Заради подобрување на квалитетот, Sony Mobile собира анонимни извештаи за грешки и

статистики во врска со уредот. Собраните информации не вклучуваат лични податоци.

Овозможување испраќање информации за користењето

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Xperia™ > Поставки за инф. за
користењето
.

3

Обележете го полето за избирање Испрати инф. за користење ако веќе не е

обележано.

4

Допрете ја опцијата ОК.

34

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.