Sony Xperia SP - Меморија

background image

Меморија

Можете да зачувувате содржини во внатрешната меморија на уредот и на мемориската картичка.

Прикажување на статусот на меморијата

1

Од вашиот Почетен екран, допрете ја .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Зачувување за да го прикажете статусот на

меморијата.

Мемориска картичка

Вашиот уред поддржува microSD™ мемориска картичка, која се користи за чување содржини. Овој

тип на картичка може да се користи и како пренослива мемориска картичка со други компатибилни

уреди.

Можеби ќе треба посебно да купите мемориска картичка.

32

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Форматирање на мемориската картичка

Можете да ја форматирате мемориската картичка во вашиот уред, на пример, за да ослободите

меморија. Ова значи дека вие сте ги избришале сите податоци на картичката.

Сета содржина на мемориската картичка се брише кога вие ја форматирате. Проверете
дали сте направиле резервни копии на сè што сакате да зачувате пред да го
синхронизирате телефонот. За да ја зачувате вашата содржина, вие може да ја копирате
на вашиот компјутер. За повеќе информации, погледнете го поглавјето Поврзување на
уредот со компјутер
на страна 97.

Форматирање на мемориската картичка

1

Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Зачувување > Избриши ја SD-картичката.

3

За потврда, допрете ги опциите Избриши ја SD-картичката > Избриши сѐ

Бришење на меморијата на апликацијата

Некогаш можеби треба да ја избришете меморијата на апликација. Тоа може да се случи доколку,

на пример, меморијата на апликацијата се наполни или сакате да ги избришете резултатите на

игра. Исто така, можеби сакате да ја избришете примената пошта, текстови и мултимедијални

пораки во некои апликации.

Бришење на меморијата за апликацијата

1

Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете .

2

Пронајдете и допрете Апликации.

3

Допрете ја апликацијата за којашто сакате да ја избришете меморијата.

4

Допрете Избриши кеш.

Не може да се избрише меморијата за некои апликации.