Контрола на користењето податоци
Можете да го следите и контролирате количеството податоци коишто уредот ги испраќа и ги прима
во даден период преку мобилната конекција за пренесување податоци или преку Wi-Fi®
конекцијата. На пример, можете да го прегледате количеството податоци коешто го користат
одделните апликации. За податоци пренесени преку мобилната конекција за пренесување
податоци можете да поставите предупредувања и ограничувања за да избегнете дополнителни
трошоци.
Прилагодувањето на поставките за користење податоци може да ви помогне да имате
поголема контрола врз користењето податоци, но не може да гарантира спречување
дополнителни трошоци.
Вклучување или исклучување сообраќај на податоци
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .
2
Допрете го Користење податоци.
3
Повлечете го лизгачот покрај Моб. сообраќај на подат. за да го вклучите или
исклучите сообраќајот на податоци.
Кога сообраќајот на податоци е исклучен, вашиот уред сè уште може да воспоставува
Wi-Fi® и Bluetooth® конекции.
Поставување предупредување за користење податоци
1
Проверете дали е вклучен сообраќајот на податоци.
2
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .
3
Најдете и допрете го Користење податоци.
4
За дефинирање на поставките за предупредување, влечете ја линијата за предупредување
до саканата вредност. Ќе добиете предупредување кога износот на сообраќајот на
податоци ќе се приближи до нивото што сте го поставиле.
Поставување сигнал за ограничување на користењето податоци
1
Проверете дали е вклучен сообраќајот на податоци.
2
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .
3
Најдете и допрете го Користење податоци.
4
Обележете го полето за избор Постави ограничување, ако веќе не е обележано, па
допрете ја опцијата OK.
5
За дефинирање на поставките за ограничување на користењето податоци, влечете ја
линијата до саканата вредност.
Откако користењето податоци ќе го постигне поставеното ограничување, сообраќајот на
податоци на вашиот уред ќе биде прекинат.
За контрола на користењето податоци од страна на одделни апликации
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете го Користење податоци.
3
Најдете и допрете ја саканата апликација.
4
Обележете го изборното поле Забрани позадински податоци.
5
За пристап до поспецифични поставки за апликацијата (ако е достапно), допрете jа
опцијата Прикажи поставки на апликацијата и направете ги саканите промени.
Промената на поставките за користење податоци за дадената апликација може да влијае
на нејзините перформанси.
Преглед на податоци пренесени преку Wi-Fi®
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Користење податоци.
3
Допрете го , па обележете го полето за избор Покажи Wi-Fi користење, ако веќе не
е обележано.
4
Допрете ја картичката Wi-Fi.
35
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.