Екран при заклучување
Екранот при заклучување е екранот што го гледате кога уредот е заклучен, а екранот активен.
Екранот при заклучување може да има најмногу пет паноа и може да додадете по еден елемент на
секое од нив. Потоа може да пристапите до тие елементи од екранот при заклучување. На пример,
може да го поставите елементот за календарот и елементот за е-поштата за да добиете побрз
пристап до овие апликации.
Елементот за часовникот автоматски се наоѓа на средното окно од екранот при
заклучување.
Додавање елемент на екранот при заклучување
1
За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување .
2
Лизгајте навнатре од горната лева област на екранот сè додека не се појави , потоа
допрете.
3
Доколку е потребно, внесете PIN-код, шема или лозинка за отклучување на екранот.
4
Најдете и допрете го елементот што сакате да го додадете.
5
Доколку е потребно, следете ги инструкциите на екранот за да заврши додавањето на
елементот.
Отстранување елементи од екранот при заклучување
1
За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување .
2
Допрете го и држете го елементот што сакате да го отстраните, а потоа повлечете го до .
Преместување елементи на екранот при заклучување
1
За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување .
2
Допрете го и задржете го елементот што сакате да го преместите, а потоа повлечете го до
новата локација.