Sony Xperia SP - Фотоалбуми

background image

Фотоалбуми

Картичката Мои албуми во апликацијата Албум ги собира сите ваши фотоалбуми, вклучувајќи

албуми со фотографии и видеа снимени со камерата, како и содржина споделена онлајн преку

услуги како што се PlayMemories, Picasa и Facebook Штом ќе се пријавите на таквите услуги, може

да управувате со содржини, да коментирате за фотографии и видеа и да прикажувате коментари

од пријатели. Од апликацијата Албум, може исто така да додавате гео-ознаки на фотографии, да

извршувате задачи со основно уредување и да користите методи како што се безжичната

технологија Bluetooth®, е-пошта и пораки за споделување содржини.

78

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

1

Прикажувајте фотографии и видеа користејќи ја онлајн услугата PlayMemories.

2

Прикажувајте фотографии и видеа на Facebook™

3

Прикажувајте фотографии и видеа во Picasa™.

4

Прикажувајте фотографии со користење на онлајн услугата Flickr™

5

Прикажувајте ги сите фотографии и видеа снимени со камерата на уредот.

6

Прикажувајте ги сите фотографии и видеа зачувани во внатрешната меморија на уредот.

7

Прикажувајте фотографиите во режим на глобус.

8

Прикажувајте ги своите фотографиите на мапа

9

Прикажувајте ги сите фотографии и видеа зачувани во отстранливата мемориска картичка.

10

Прикажувајте ги сите фотографии со лица

Онлајн услугата PlayMemories не е достапна во сите земји или региони.

Прегледување фотографии од онлајн услуги во апликацијата Албум

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Албум > Мои албуми.

3

Допрете ја саканата онлајн услуга.

4

Допрете Поврзи. Се прикажуваат сите достапни онлајн албуми што сте ги префрлиле на

услугата.

5

Допрете некој албум за да ја прегледате содржината, потоа допрете фотографија во

албумот.

6

Потчукнете налево за да ја прегледате следната фотографија или видео. Потчукнете

надесно за да ја прегледате претходната фотографија или видео.

Прегледување и коментирање содржина на онлајн албуми

1

Кога прегледувате фотографија од онлајн албум, допрете го екранот за да се прикаже

алатникот, па допрете за да ги прегледате коментарите.

2

Внесете ги вашите коментари во полето за внесување, па допрете Објави.

За да означите „ми се допаѓа“ фотографија или видео на Facebook™

Додека гледате фотографија или видео од некој од вашите албуми на Facebook™, допрете

го екранот за да го прикажете алатникот, па допрете го за да покажете на Facebook™

дека тоа „Ви се допаѓа“.